• Иван Димовски

Холгер Руне пролетва на тениската сцена покажа одлична форма. Младиот дански тенисер го освои турнирот во Минхен, додека играше во финалето на Мастерсите во Монте Карло и Рим. Самиот тој смета дека поради тоа е во можност да освои Грен слем до крајот на годината.
„Посакувам да освојам Грен слем оваа година. Тоа е нешто што го зборував во минатото и се држам до тоа. Се надевам би можел да го направам тоа на Ролан Гарос. Ако не, се надевам ќе успеам на следните два.
Имам добра сезона на земја зад себе. Успеав да стигнам до три финалиња на четири турнири. Не можам да се жалам. Како што многумина знаат, станав нетрпелив да освојувам титули. Бев блиску, па се надевам научив нешто од тоа. Париз е главна цел во сезоната на земја“, рече Руне.
Со своите добри партии Данецот котира добро меѓу фаворитите. Руне покажа дека одлично се снаоѓа на земјена подлога, а токму тоа му е потребно на тенисот. Рафаел Надал беше вистински „крал на земјата“ во изминатите две децении, па бидејќи е на залезот на кариерата, потребна е негова замена.