• Саше Љолес
Данецот Холгер Руне прикажа фуриозна игра и го „одвеа“ од теренот Норвежанецот Каспер Руд со конечни 2-0, по сетови 6-4 и 6-2, со што оствари пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона.
Мечот траеше само еден час и 28 минути, а Руд немаше никакви шанси да му го загрози налетот на Руне, кој особено брилираше во вториот сет. Во полуфиналето за противник ќе го има Русинот Карен Хачанов, кој претходно го елиминираше Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина.
Втората полуфинална двојка ќе биде позната откако ќе се одиграат дуелите помеѓу Карлос Алкараз и Алекс Де Минер, односно Стефанос Циципас и Артур Филс.