Руне и Медведев ќе вкрстат копја за финале во Индијан Велс

Холгер Руне и Даниил Медведев ќе се сретнат во полуфиналето од Мастерсот во Индијан Велс. По голема драма Медведев го надигра 21. светски рекет Артур Филс и го совлада со 2-1 во сетови 6-4, 2-6, 7-6/9.

Сè започна одлично за Русинот. Го доби првиот сет, но потоа влезе во неочекувана криза и противникот израмни на 1-1. Во одлучувачкиот сет се водеше голема борба, која на крај беше решена дури во тај-брејкот, кој го доби Русинот со 11-9.

Данскиот тенисер до пласман во полуфиналето стигна откако го победи 43. светски рекет Талон Грикспур од Холандија.

Руне победата ја оствари по три сета, 5-7, 6-0, 6-3, во меч кој што траеше два часа и девет минути игра.