Руне: Ако немав чести повреди, сигурно ќе бев меѓу тројцата најдобри во светот

Данскиот тенисер Холгер Руне даде една навистина интересна изјава, во која рече дека ако не го мачеле честите повреди, тој сигурно би бил во самиот врв на светскиот тенис, заедно со Синер, Алкараз и Зверев. 

Во моментов Руне е дванаесетти светски рекет, но според него, лесно можел да биде во Топ-3 и се надева дека еден ден ќе успее да ја оствари целта. 

„Имав многу повреди кои ме мачеа последниве две години. Најважно е да фатам континуитет, па тогаш приказната ќе биде поинаква. Сигурен сум дека имам квалитет да бидам меѓу најдобрите тројца во светот и еден ден ќе го докажам тоа.

Им посакувам само најдобри нешта на моите ривали, но ќе се обидам да ги стигнам и да влезам во тоа одбрано друштво“, изјави Данецот. 

На врвот на АТП листата е Италијанецот Јаник Синер, а зад него следуваат Александар Зверев, Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.