Руне: Ако имам една желба за 2024, тоа е да го победам Ноле за трофејот на АО

Холгер Руне е еден од тенисерите за кои се смета дека ќе се борат за најголемите трофеи во иднина. Данскиот тенисер има високи амбиции, а од неодамна почна соработка со Борис Бекер кој ќе му биде тренер.

„За мене е многу важно што крај себе имам некој со толку големо играчко искуство. Секогаш кога тренираме, учам нешто ново. Кога ме интересира нешто, прашувам и добивам одличен одоговор“, започна Данецот.

Своевремено Бекер беше тренер и на најдобриот Новак Ѓоковиќ, а Руне не би имал против да тргне по тие стапки. Тој не крие дека сака да дојде до својот прв Грен слем трофеј и тоа во Мелбурн, против Новак Ѓоковиќ. 

„Ако имам една желба за 2024 година, тоа би било да го совладам Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен. Сè што Новак кажал за мене досега го прифаќам како комплимент. Тој сепак постигнал сè за што сонува секој тенисер“, изјави Руне.

Активностите на тенисерите за 2023 година се готови. Првиот сезонски Грен слем во Мелбурн е на програмата од 14 до 28 јануари.