• Сашо Поповски

Победа над Каспер Руд во полуфиналето во Рим ќе донесе меч за титула за Новак Ѓоковиќ, но и достигнување на феноменален јубилеј.
Србинот досега победил на 999 натпревари во својата кариера. Една му фали да раситни „илјадарка“, што може да се случи на денешниот полуфинален меч против норвешкиот ас.
Роџер Федерер веќе стои на 1.251 победи, а го следи Рафаел Надал со 1.051 позитивни резултати. „Големата тројка“ не би била тоа што е ако го нема Ѓоковиќ, кој се очечува наскоро да им се доближи на големите ривали.
Српскиот тенисер победил на двата меѓусебни дуели со Руд. Тоа го прави голем фаворит и за денешниот меч, кој се игра со почеток од 19:30 часот.