Руд не можеше против Зверев, комплетирани полуфиналните парови во Париз

Зверев

Александер Зверев е последниот полуфиналист на Мастерс турнирот во Париз. Еден од фаворитите за трофејот го надигра Каспер Руд (7-5, 6-4) и закажа дуел со Данил Медведев.

Норвежанецот покажа дека може да се надигрува со најдобрите и достојно се прости од натпреварите во француската престолнина. Во првиот сет парираше до самата завршница, кога попушти неговата концентрација и сервис.

Во продолжението одново бркаше негатива, но не се откажа до самиот крај. Сепак, Германецот покажа поголем квалитет и во два сета се пласира меѓу најдобрите четири тенисери.

Второто полуфинале ќе го одиграат Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач.