• Горан Упале
Норвешкиот тенисер Каспер Руд е вториот финалист на овогодишниот Ролан Гарос. По долгоочекуваното полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, на кое младиот шпански ас поради повреда не можеше да го следи ритамот на големиот шампион, ниту второто полуфинале не донесе поголеми возбудувања и неизвесност. Четвртиот тенисер на светот покажа квалитет и буквално го „здроби“ Германецот во три сета (6-3, 6-4, 6-0).
Руд уште од самиот старт на мечот наметна свој стил на игра, брзо се избори за брејк и потоа со уште еден гем на противнички сервис стигна до водство од 1-0. Во вториот сет се водеше нешто поизрамнета битка, Зверев конечно фати ритам, но сервираше катастофално во седмиот гем и дозволи противникот со нов брејк да си обезбеди предност за 2-0 во сетови.
Во следниот, играта на германскиот ас тотално се распадна, а Руд одлично го искористи тоа и без загубен гем си обезбеди ново Грен слем финале.
Противник на Руд во големото финале на Отвореното првенство на Франција ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој со 3-1 во сетови славеше над Алкараз.