Рубљев го надигра Тием и ја запиша првата Мастерс-победа во Лондон

Во првиот меч на петтиот натпреварувачки ден на завршниот Мастерс Куп во тенис во „О2 Арена“ во Лондон, младиот Русин, Андреј Рубљев приреди изненадување и гопобеди светскиот рекет број четири Доминик Тием со 2-0 во сетови (6-2, 7-5).   

И покрај поразот, Австриецот ќе игра во полуфиналето, бидејќи во првите два меча ги совлада Циципас и Надал, а Рубљев нема шанси за пласман меѓу четворицата најдобри. За 75 минути на теренот помладиот тенисер покажа многу поголема желба и трипати го одзеде сервисот на противничкиот тенисер.

Вечерва со дуелот Надал - Циципас ќе биде познат вториот тенисер од оваа група кој ќе игра во полуфиналето. Утре се играат мечевите од третото коло во групата „Токио 1970“ и одлучувачкото соочување меѓу Ѓоковиќ и Зверев.