Рубљев сигурен, во три сета го совлада Мартинез за следно коло во Париз

Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласира во третото коло на Ролан Гарос, откако беше сигурен против Педро Мартинез и го совлада со 3-0. 

Точно два часа му беа потребни на шестиот носител на вториот Грен слем да ја мине втората рунда. Првиот сет беше решен со единствениот брејк во шестиот гем кога Рубљев стекна предност и ја одбрани, па со 6-3 поведе. 

Во вториот сет се влезе со по еден загубен сервис, а потоа Русинот се наметна и освои уште еден за конечни 6-4 за удвојување на предноста. Рубљев се разигра, влезе добро во третиот сет и поведе со 3-1, а потоа со вториот брејк користејќи ја третата меч топка дојде до 6-3 и победа.

Следен ривал на Рубљев ќе му биде подобриот од пресметката на Милер и Арналди која беше прекината во првиот сет поради дожд и ќе се доигра утре.