• Иван Димовски

Вториот носител на турнирот во Дубаи, Андреј Рубљев без проблеми се пласира во четвртфиналето откако го совлада Артур Казо со 2-0. Русинот за 79 минути го реши својот меч против ривалот од Франција, целосно оправдувајќи ја фаворитската улога.
Рубљев двата сета ги реши со по 6-4, со по еден брејк и одлична игра која ветува за продолжението од турнирот. Во следната рунда тој го чека пресметка со подобриот од судирот на Ван Де Зандшулп и Корда.
Поранешниот светски рекет број еден Енди Мареј загуби од Уго Умбер во два сета и се прости од турнирот во Обединетите Арапски Емирати. Французинот го доби првиот сет со 6-2, додека во вториот Мареј пружи повеќе отпор и се бореше до 6-4.
Претходно четвртфинале си обезбеди Александер Бублик победувајќи го Талон Грикспор (2-0), а тој ќе се судри со Јири Лехечка кој го изненади Карен Хачанов (2-1).