Рубљев се израмни со Ѓоковиќ и го освои турнирот во Санкт Петербург

Русинот Андреј Рубљев ја освои титулата на турнирот во Санкт Петербург, со денешната победа во финалето против Борна Чориќ од Хрватска (7-6/5, 6-3).

Во првиот сет се играше тај-брејк, кој донесе почетна предност за домашниот миленик. Хрватскиот тенисер имаше свои шанси, но не ги искористи, а потоа доживеа пад во играта.

Тоа го отвори патот за Рубљев кој рутински славеше во вториот сет и го заокружи финалниот меч по еден час и 40 минути игра.

За 22-годишниот од Москва ова е четврт трофеј во 2020 година, што е израмнување на достигнувањето на Новак Ѓоковиќ оваа сезона.