Рубљев: Единствена моја шанса со Новак е да одиграм најдобар тенис...

Рускиот тенисер Андреј Рубљев ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ за место во полуфиналето на Австралија Опен. Иако Србинот е апсолутен фаворит, а тоа Русинот добро го знае, сепак не смее да се откаже и најави дека ќе се бори до крај.

„Знам дека е тешко да се победи Новак, особено на Грен слем турнирите. Тој има најголемо искуство на вакви натпревари, важи за еден од најдодбрите во историјата. Единствена моја шанса е да го одиграм најдобриот тенис, да се борам за секоја топка. Тоа ми е единствена шанса“, кажа Рубљев.

Рубљев и Ѓоковиќ ќе се судрат утре наутро во терминот од 09:30 часот на „Род Лејвер Арена“.