Рубљев доби два сета со по 6-2 и го елиминира Надал во Монте Карло!

Андреј Рубљев приреди сензација и го победи Рафаел Надал во четвртфиналето на АТП турнирот во Монте Карло со 2-1. Младиот Русин доби два сета со по 6-2, го надигра „бикот од Мајорка“ и се пласира меѓу четирите најдобри каде за ривал ќе го има Капсер Руд. 

Надал веднаш отвори со загубен сервис, а иако и Рубљев киксна на свој, успеа да му земе уште два брејка на поискусниот ривал за 6-2 во воведниот сет. Русинот добро отвори и во вториот, изгледаше дека по водството од 4-2 ќе го декласира Надал, но ветеранот не дозволи. 

Со два освоени гемови на сервис на Рубљев, Надал го освои вториот сет со 4-6 за неизвесен финиш. Сепак, третиот сет тргна лошо за двата тенисери, три брејка од кои два беа за Рубљев беа пресудни. 23-годишникот поведе со 5-1, Надал врати уште еден гем, но тоа беше сè од него и загуби со 6-2.

Веќе утре Рубљев го очекува полуфиналната пресметка со Руд, додека вториот пар го сочинуваат Еванс и Циципас.