• Иван Димовски
Рафаел Надал ќе добие уникатна почест на Ролан Гарос, турнирот на кој остави најголема трага во кариерата. Организаторите најавија официјална церемонија во 2025 година, која ќе се одржи на централниот терен „Филип Шатрие“.
Церемонијата првично требаше да се одржи лани, но беше одложена бидејќи Надал сѐ уште не беше одлучил дали ќе се пензионира. По неговото официјално повлекување во ноември 2024 година, сега ќе му биде оддадена заслужена почит.
Директорката на турнирот, Амели Морезмо, потврди дека и турнирот и Надал сакаат да ја продолжат оваа врска и по крајот на неговата играчка кариера. Според неа, целта е да се направи нешто едноставно, автентично и во стилот на Надал, кој на Ролан Гарос славеше дури 14 пати.
Ролан Гарос се игра од 25 мај до 8 јуни, а веќе се во тек квалификациите за главниот турнир.