Ролан Гарос: Ѓоковиќ имаше среќа и го избегна Тием

Новак

Последниот Грен слем турнир во сезоната ќе се одигра во Париз. Ролан Гарос е на програмата од понеделник и ќе донесе и враќање на дел од навивачите на трибините.

Денешната ждрепка донесе среќа за Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер на ВТА листата. На патот до големото финале, кое е императив за Србинот, нема да се сретне со Доминик Тием.

Потенцијален противник на српскиот тенисер во полуфиналето е Данил Медведев, а шанси за тоа имаат уште Стефанос Циципас и Григор Димитров.

Тием ќе го отвори турнирот со Чилиќ, Надал против Јерасимов, а Ѓоковиќ ќе се сретне со Имер.

Голем дуел се очекува уште во првото коло кога силите ќе ги одмерат Енди Мареј и Стан Вавринка.