Роџер Федерер се пријави на првиот Грен Слем турнир сезонава

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се наоѓа на списокот на учесници на првиот Грен Слем турнир оваа година, Австралијан Опен.

Рекордерот по број на престижните титули веќе тренира, а се очекува во целост да биде подготвен за тенискиот настан во Мелбурн. 

Сите тенисери од врвот на листата се пријавени на Австралијан Опен, кој ќе започне три седмици подоцна од вообичаеното, на 8 февруари, поради задолжителниот двонеделен карантин по пристигнување во Австралија.

39-годишниот Федерер направи две операции на коленото во изминатата година.