Ригорозна казна за тенисерот што го пцуеше судијата во Шангај

Американецот Френсис Тиафо доби ригорозна казна поради неговото непристојно однесување на АТП Мастерсот кој се играше во кинескиот град, Шангај. 

Тиафо беше незадоволен од судиските одлуки на мечот против Роман Сафиулин, по што дрско и безобразно го навредуваше судијата, кој потоа го пријави тенисерот за недолично и грубо однесување. 

Казната за Тиафо изнесува високи 120.000 евра, 60.000 за навредите и уште максимални 60.000 долари за „кршење на етичкиот кодекс“. 

Американецот после мечот упати извинување до судијата, но не успеа да се спаси од строгата казна.