Рибакина за само еден час ја откажа Свитолина и закажа полуфинале со Крејчикова

Казахстанската тенисерка, Елена Рибакина, си обезбеди учество во полуфиналето на Вимблдон, откако ја елиминираше Украинката Елина Свитолина со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2. 

Четвртата носителка кај дамите ја покажа својата сила и не дозволи никакво изненадување во четвртфиналната фаза, а победата ја комплетираше за само 64 минути активна игра. Свитолина се обиде со сите сили да ѝ парира, но немаше доволно енергија за подвиг и го завршува годинешниот настап во Лондон. 

Во битката за пласман во големото финале, Рибакина ќе се соочи со Чехињата Барбора Крејчикова, која ја надигра Летонката Јелена Остапенко со 2-0, по сетови 6-4 и 7-6/4.