Рибакина во два сета ја „скокна“ Пегула и закажа финале со Сабаленка

Елена Рибакина е втората финалистка на Австралија Опен, откако во полуфиналната борба релативно лесно во два сета (2-0) ја исфрли Џесика Пегула. На тенисерката која игра под казахстанско знаме ѝ беа потребни час и 42 минути за да го реши мечот во своја корист. 

Првиот сет тргна во корист на победничката. Рибакина отвори одлично, со брејк за 2-0 кој потоа го потврди со 3-0 и до крајот го одбрани стекнатото водство. Од втората сет-топка таа стигна до 6-3.

Во вториот рано паднаа првите брејкови во третиот и четвртиот гем, а Рибакина успеа и вторпат да ѝ одземе гем на противнички сервис на ривалката за 3-2. И пред крајот на сетот имаше размена на брејкови, но овојпат поуспешна беше Пегула која успеа да израмни на 6-6. Сепак, во тај-брејкот Рибакина спаси две сет-топки и потоа со 9-7 си обезбеди победа. 

Во финалето Елена Рибакина ќе ја предизвика најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка.