Рибакина по трофејот на Вимблдон се врати со пораз во првото коло во Сан Хозе

Елена Рибакина, актуелната шампионка на Вимблдон, загуби во првиот меч по освојувањето на титулата на најпрестижниот турнир во светот.

Русинката со казахстански пасош беше надиграна од Дарија Касаткина во првото коло од турнирот во Сан Хозе. По еден час и 43 минути, Касаткина победи со 1-6, 6-2, 6-0.

Рибакина започна брилијантно, врза пет гема и поведе со 1-0. Сепак, во вториот сет Касаткина заигра далеку поквалитетно и ја презеде контролата на теренот. Најпрво со 6-2 израмни во сетови, а потоа откако играната на Рибакина целосно се распадна и со 6-0 стигна до голема победа.

Во следната рунда од натпреварувањето во Калифорнија, Касаткина ја чека судир со Американката Таунсенд.