Рибакина не заборава: Испрати јасна порака по освоениот турнир во Ријад (ВИДЕО)

Контроверзна сцена ја одбележа свечената церемонија по завршувањето на завршниот ВТА турнирот во Ријад. Елена Рибакина ја освои титулата со победа над Арина Сабаленка, но проблем настана за време на фотографирањето со трофеите.

Казахстанката одби да застане покрај Сабаленка и извршната директорка на ВТА турот, Порше Арчер, поради истрагата што неодамна беше водена против нејзиниот тренер Стефан Вуков.

Минатата есен ВТА го суспендираше Вуков поради наводи за злоупотреба и навредливо однесување кон Рибакина, вклучувајќи загрозување на нејзиното психолошко и физичко благосостојба. Тенисерката тврдеше дека никогаш не била малтретирана, а суспензијата беше укината во август.

Вуков тогаш беше обвинет дека одбил да го напушти хотелот на Рибакина во Њујорк во 2024 година и дека ѝ упатил повеќе од 100 повици и пораки. Сепак, односот меѓу нив потоа беше стабилзиран.