Рибакина ја шокира најдобрата и закажа финале на Индијан Велс со Сабаленка

Ноќва се одиграа двете полуфиналиња во женскиот дел од турнирот во Индијан Велс.

Елена Рибакина приреди големо изненадување, бидејќи ја совлада Ига Швјонтек со 2-0 (6-2, 6-2). Најдобрата светска тенисерка беше немоќна против расположената Казахстанка. Првиот сет Рибакина го реши со два брејка, додека во вториот зеде еден повеќе, но и загуби еден гем на свој сервис. 

Арина Сабаленка ја оправда фаворитската улога и ја совлада Марија Сакари со 2-0 (6-2, 6-3). Белоруската тенисерка ќе го нападне трофејот во финалниот меч со Рибакина, откако за час и 25 минути ја реши противничката од Грција. 

Финалето се игра в недела во терминот од 23:00 часот.