РГ ждрепка: Рафа, Ноле и Федерер во ист дел на костурот, само еден може до финале!

Вториот Грен слем турнир на АТП календарот ќе стартува в недела на 30 мај. Иако уште не се комплетирани квалификациските дуели, веќе се одржа ждрепката за Ролан Гарос. 

Среќата посака во ист дел од ждрепката да се најде „големта тројка“ предводена од Новак Ѓоковиќ, со Рафаел Надал и Роџер Федерер. Така, само еден од трите најголеми тенисери на денешницата може да игра во финалето на престижниот турнир, а противникот ќе му биде веројатно некој од „новата генерација“. 

  • Ждрепка на носителите во првото коло: 

Ѓоковиќ (1) - Сандгрен
Медведев (2) - Бублик
Надал (3) - Попирин
Тием (4) - Андујар
Циципас (5) - Шарди
Зверев (6) - квалификант
Рубљев (7) - Струф
Федерер (8) - квалификант. 

На патот до финалето, дефинитивно тежок пат ќе има првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ бидејќи ако двајцата победат во претходните рунди, ривал ќе му биде Роџер Федерер, а веќе во полуфиналето би можел да вкрсти со Надал. Во спротивниот дел на ждрепката, евентуално полуфинале би можело да се игра меѓу Зверев и Тием, односно Циципас и Тием.

Титулата во Париз ќе ја брани Рафаел Надал, човекот кој е најуспешен на Ролан Гарос и секогаш е меѓу главните фаворити за трофејот. Иако нема да има лесен пат до финалето, Надал со сигурност ќе се бори за висок пласман во Франција.