Новак Ѓоковиќ сигурно чекори кон ново финале на Австралија Опен - Грен слем турнирот кој што му е омилен на српскиот ас, но и кој што му буди лоши спомени од минатата година. Во вториот четвртфинален дуел, последен од денешната програма во Мелбурн, Ноле беше посилен од провокаторите од трибините и во три сета (6-1, 6-2, 6-4) го „збриша“ рускиот тенисер Андреј Рубљев.
Рускиот тенисер Андреј Рубљев ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ за место во полуфиналето на Австралија Опен. Иако Србинот е апсолутен фаворит, а тоа Русинот добро го знае, сепак не смее да се откаже и најави дека ќе се бори до крај.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за трофејот на првиот сезонски Грен слем, Австралија Опен. Во четвртфиналето на турнирот, поранешниот светски рекет број еден ќе го има досега најголемиот тест, во дуелот со Андреј Рубљев.