Ретко виден скандал: Тенисер пцуеше по судијата и кршеше сѐ пред себе! (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи на меч од Челенџер турнир во Италија, каде што американскиот тенисер Тристан Бојер целосно ја загуби контролата и беше дисквалификуван од судијата. 

Инцидентот се случи во завршницата од натпреварот против Даниеле Рапањете, кога американскиот тенисер реагираше бурно и недолично по еден загубен сервис.

Најпрво следуваа жестоки навреди кон судијата, по што ситуацијата ескалираше со кршење на рекетот и удирање по судиската столица.

И покрај опомената од судијата, тенисерот не се смири, туку продолжи со испадите, што доведе до казна со одземање гем - одлука која автоматски значеше и крај на мечот.

Поради недоличното однесување, Бојер беше дисквалификуван, а снимките од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции во тениската јавност.