• Иван Димовски
Елена Рибакина е новата шампионка на Австралијан опен. Петтата тенисерка на ВТА листата во финалето ја совлада Арина Сабаленка и го освои првиот Грен слем трофеј во сезоната.
Со триумфот во Мелбурн, Рибакина стигна и до огромна финансиска награда. Вкупниот награден фонд на турнирот годинава изнесуваше 111,5 милиони австралиски долари, што е околу 65,5 милиони евра. Тоа е зголемување од речиси 16 проценти во однос на 2025 и најголем скок во историјата на турнирот.
Казахстанската тенисерка за титулата инкасира 4,15 милиони австралиски долари, односно околу 2,44 милиони евра. Поразената Сабаленка ќе добие 2,15 милиони австралиски долари, што е приближно 1,26 милиони евра.



