Рекордите кои Карлос Алкараз ги урна со првиот трофеј во Мелбурн!

Шпанската тениска млада ѕвезда Карлос Алкараз испиша ново златно поглавје во историјата на белиот спорт, откако за првпат во кариерата го освои Австралија опен, совладувајќи го во големото финале Новак Ѓоковиќ со 2-6, 6-2, 6-3, 7-5.

Со овој триумф во Мелбурн, младиот Шпанец не само што стигна до уште еден грен-слем трофеј, туку и постави неколку импресивни рекорди, со што уште еднаш го потврди својот статус како еден од најголемите таленти во историјата на тенисот.

Алкараз стана еден од само двајцата тенисери под 23 години кои успеале да освојат седум титули од Грен слем турнирите, приклучувајќи му се на легендарниот Бјорн Борг. Податок што дополнително ја нагласува неговата доминација во толку рана фаза од кариерата.

Покрај тоа, Шпанецот влезе во историјата и како играч на кој му биле потребни најмалку настапи во главните ждрепки за да стигне до бројката од 25 освоени титули – само 86 турнири, што претставува рекорд во модерната ера на тенисот.

Со трофејот во Австралија, Алкараз стана и шестиот тенисер во Опен ерата кој успеал да победи на сите четири Грен-слем турнири, а воедно и најмладиот во историјата со комплетирана колекција на Грен слем титули. На тој начин го надмина рекордот на Дон Бaџ, поставен уште далечната 1938 година.