„Реално е да се верува дека Надал може до четирите Грен слем титули...“

Надал

Првпат во кариерата Рафаел Надал стартуваше една сезона со победа на воведните два Грен слем турнири. По епскиот пресврт против Данил Медведев во Мелбурн, шпанскиот тенисер го освои омилениот Ролан Гарос со славје над Каспер Руд во големото финале.

Неговиот тренер Калрос Моја верува дека тој може да ги освои сите големи турнири оваа сезона, иако се соочува со проблеми со стапалото.

„Рафа е на половина пат. Реално е да се верува дека може до сите четири Грен слем титули сезонава. Треба да одиме чекор по чекор. Вимблдон е место каде се случуваат големи изненадувања секоја година“, смета Моја.

Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител и на врвот меѓу фаворитите на турнирот во Лондон.