• Саше Љолес
Француската полиција соопшти дека изминатиот викенд се случил грабеж во просториите на славниот тениски комплекс, „Ролан Гарос“, каде се игра еден од четирите Грен-Слем турнири.
Разбојниците влегле во просториите и украле готовина во вредност од единаесет илјади евра, како и скапоцен накит кој е проценет на уште дваесетина илјади.
Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот, а интересно е тоа што во моментот на грабежот не работеле дел од безбедносните камери. Француските медиуми пишуваат дека ова е втор ваков случај за само две години, а минатиот пат просториите биле „олеснети“ за 50.000 евра и неколку лап-топ компјутери.