Расплаканата Сабаленка: Ова многу боли, условите беа ужасни! (ВИДЕО)

Белорусинката Арина Сабаленка не можеше да ги задржи емоциите после поразот од Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос, низ плач изјавувајќи дека условите за игра биле тешки и ја истакна својата длабока разочараност. 

„Искрено, ова многу боли. Особено после две недели сјаен тенис. Одиграв лошо во ужасни услови, затоа најмногу ме боли. Во овие услови Коко беше подобра од мене. Ти честитам за вториот Грен-Слем во кариерата. Ти си голем борец и неверојатен работник“, изјави Сабаленка. 

Првата светска тенисерка прикажа солидна игра во првиот сет, но потоа правеше чудни и несфатливи грешки, а имаше проблем и со силниот ветер на теренот во Париз. 

ФОТО/PHOTO: Screenshot Roland Garros/Twitter/X