• Саше Љолес
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Куршумлиска бања. Таа во меч од првото коло загуби од Русинката Варвара Паншина со 2-0 во сетови (6-3 и 6- 2) за вупно 95 минути активна игра.
Во првиот сет, со двата брејка во првите пет гема, Паншина поведе со 4-1, што беше доволна предност за освојување на сетот, откако двете тенисерки имаа по уште еден брејк до крајот.
Во вториот сет имаше два брејка и ги направи руската тенисерка, на тој начин освојувајќи го сетот со 6-2 во гемови.
Нашата Лина се подготвува за квалификациите за УС Опен, кои започнуваат на 24 август.