Рафал Надал го откажа настапот на Ролан Гарос

„Кралот на земјената подлога“ и најтрофејниот тенисер во историјата на Ролан Гарос, Рафаел Надал оваа сезона нема да игра на Отвореното првенство на Франција.

Оваа информација дојде на неполна недела пред почетокот на Грен слем турнирот во Париз, и по серијата откажани Мастерси за време на земјената сезона.

Надал веќе извесно време има проблеми со повреда која ќе го спречи да настапи дури и на турнирот кој во кариерата го освои четиринаесет пати.

Шпанските медиуми пренесуваат дека е закажана е прес-конференција на која Надал ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе ја објасни оваа непопуларна одлука.