• Иван Димовски

Рафаел Надал во пресрет на Ролан Гарос најави пауза од тенисот. На разочарување на своите фанови, но и самиот себе, Шпанецот нема да може да игра на својот омилен турнир.
Покрај тоа, тој најави дека планира пауза, со цел да се подготви за следната сезона која ќе му биде последна во кариерата. Надал кажа дека не знае дали ќе му биде потребна пауза од еден, два, три или шест месеци. Поради тоа, веројатно сигурно е дека тој нема да игра ниту на Вимблдон.
Култниот турнир во Англија се игра во терминот од трети до 16 јули. Речиси и не постојат шанси шпанскиот ас да заигра на Вимблдон, а неговата замена ќе биде Сафиулин.
Самиот Надал остави простор можеби да заигра пак годинава. Токму оваа АТП турнеја може да биде првата во неговата кариера кога нема да освои ниту еден трофеј. Надал сака да игра тенис, меѓутоа неговото тело не ги слуша сигналите, па тој страда со повреди.