„Рафа започна да сервира, би требало да биде подготвен за понеделник“

Надал Лондон АТП

Сите очи се вперени во Рафаел Надал и неговата одлука дали ќе настапи на завршниот турнир во Лондон.

Шпанецот е веќе во англиската престолнина и ги прави завршните подготовки за настап, кој е неизвесен поради повредата на стомачниот мускул во Париз. Еден од неговите тренери Карлос Моја најавува дека тој би требало да излезе на терен в понеделник.

„Рафа започна да сервира, за прв пат од Париз. Не премногу силно, но напредокот е очигледен. Тој треба да биде подготвен да се натпреварува в понеделник“, вели сонародникот на Надал.

Прв меч за шпанскиот тенисер ќе биде против Александер Зверев, а во групата ќе мора да се соочи уште со Стефанос Циципас и Данил Медведев.