ВИДЕО: Рафа, Ноле, Симон... Уживајте во најубавите и најсмешните моменти во Монте Карло

„Кралот“ на земјената подлога, Рафаел Надал, вчера триумфираше на третиот Мастерс сезонава, кој се одржа во Монте Карло. Во финалниот дуел по еден атомски тенис го „збриша“ Алберт Рамон-Вињолас со 2-0 во сетови (6-1, 6-3) и стана единствениот тенисер во историјата што стигна до десет трофеи на еден голем турнир. 

Покрај овој достиг на Рафа, Мастерсот го одбележаа и многуте спектакуларни потези, смешни моменти, како и перфекти поиени, што се само потврда дека тенисот на оваа подлога има своја убавина. Во продолжение погледнете ги најатрактивните и најсмешните моменти од овој турнир за кои се потрудија Рафа, Ноле, Симон...