ВИДЕО: Рафа ли е, Роџер ли е – Рим му се поклони на Федерер по неверојатниот поен! 

„Мора да се шегуваш“, гласеше реакцијата на коментарот на дуелот меѓу Федерер и Соуса на Мастерсoт во Рим, откако легендарниот Швајцарец запиша неверојатен поен. 

Третиот светски рекет по подолго време се врати во „вечниот град“, и веднаш публиката ја награди со поен во стилот на Рафаел Надал. Иако беше во дефанзивна улога и ја „бркаше“ топката по теренот, Федекс успеа на брилијантен начин да поентира и да ги натера римјани да му се поклонуваат на мајсторијата. 

  • Поенот на Федерер против Соуса: 

Покрај Швајцарецот, пласман во осминафиналето на Мастерсот во Рим обезбедија и ривалите Надал и Ѓоковиќ, додека неочекувана елиминација доживеаја Доминик Тием и Марин Чилиќ.