Психолог за Ѓоковиќ: Солзите му беа лажни, тој плачеше за да го измами противникот

Новак Ѓоковиќ доживеа болен пораз од Даниел Медведев во финалето на УС Опен и со тоа не успеа да осамне на врвот на најуспешни тенисери, кога во прашање се Грен слем трофеите.

Рускиот ас го најде рецептот за најдобриот на светот и без проблеми го совлада во три сетови. Ѓоковиќ тешко го доживеа овој пораз, а по една пауза заплака од лутина поради својата лоша игра. Психологот Изабел Инхасуспе за „Л'Eкип“ вели дека неговите солзи се лажни и дека се обидел да го измами противникот.

„Не верувам дека плачеше. Дали го видовте изгледот на неговото лице кога се врати од паузата. Мислам дека беше во тешка ситуација и со шаховска стратегија се обиде да го надмудри својот противник. Се надеваше дека противникот ќе потклекне, затоа плачеше“, рече таа.

Ѓоковиќ во текот на целиот меч беше многу нервозен и тоа го покажа пцуејќи и кршејќи го рекетот, за што си доби соодветна казна.

Најнови вести од
УС Опен