Првпат во кариерата Надал ја започнува сезоната со победа во Мелбурн и Париз

По епскиот пресврт во Мелбурн и титулата на Австралија опен, Рафаел Надал запиша ново славје на Грен слем турнирите и го освои Ролан Гарос.

Големиот фаворит ја оправда улогата во финалето и рутински го надигра Каспер Руд. Тоа му донесе перфектен почеток на новата сезона, каков што немал никогаш во кариерата. Имено, шпанскиот ас ниту една година не ја започнал со две Грен слем титули.

Останува дилема дали ќе се појави на Вимблдон, со оглед на повредата која го мачи подолг период. Шпекулациите велат дека тој нема да ризикува и ќе направи подолга пауза, а потоа ќе размисли добро дали да игра на УС Опен.

На патот до финалето Надал го совлада големиот ривал Новак Ѓоковиќ во четвртфиналната фаза.