• Мартин Танасковски
Чешката тенисерка Барбара Крејчикова со пласманот во четвртфиналето дојде до најдобриот резултат на Грен Слем турнирот Вимблдон во својата кариера.
Крејчикова, која е на 32. позиција на ВТА-листата, успеа да слави над Даниеле Колинс со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) и така се пласира меѓу најдобрите осум тенисерки за првпат во кариерата на турнирот во Лондон.
Победа забележа и Елина Свитолина која ја совлада Кинеската Ксинју Ванг со 2-0 (6-2, 6-1), а исто така во следната рунда патува и Јулија Остапенко од Летонија која беше подобра од Јулија Путинцева со 6-2, 6-3.
Претходно, следна фаза обезбеди и Елена Рибакина од Казахстан поради откажувањето на Калинскаја поради повреда.