• Саше Љолес
Според информациите од неколку италијански медиуми, Јаник Синер во својот тим го добива и поранешниот тренер на Рафаел Надал, легендарниот Карлос Моја.
Поранешниот шпански тенисер ќе биде дел од екипата на првиот светски рекет веднаш откако Синер ќе ја прекине соработката со Дарен Кејхил. Моја ќе започне со работа на почетокот на 2026 година, но и претходно ќе ја има улогата на консултант.
Шпанецот е првиот тенисер од својата земја кој стигнал до првото место на АТП листата. 48-годишниот Моја е освојувач на францускиот Грен-Слем, „Ролан Гарос“.