• Мартин Танасковски

Првиот носител на УС Опен, Александaр Зверев, со многу мака обезбеди пласман во второто коло на последниот Грен слем турнир во сезоната.
Германскиот тенисер по голем пресврт го совлада Италијанецот Лоренцо Сонего со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 6-7, 7-5, 6-4), во меч кој траеше речиси пет часа и заврши околу 2 часот по полноќ по локално време.
Зверев беше на чекор од елиминација во четвртиот сет, но при резултат 6-5 за Сонего успеа да направи клучен брејк и да остане во натпреварот. Во првите три сета, победникот на секој сет стигнуваше до предност со само еден направен брејк.
Возбудувањата продолжија и во решавачкиот петти сет, во кој двајцата тенисери пропуштија можности за брејк на стартот. Сепак, Зверев го зададе решавачкиот удар во петтиот гем, кога му го одзеде сервисот на противникот и до крајот сигурно ја сочува предноста.
Во следната рунда Германецот ќе се соочи со Французинот Квентан Алис, кој во четири сета го елиминира Аргентинецот Факундо Дијас Акоста.









