Првата светска тенисерка доминантно до финалето на Ролан Гарос

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек ќе игра во ново финале на Грен Слем турнирот Ролан Гарос кој се одржува во Париз, Франција.

Полјачката со сигурни 2-0 во сетови (6-2, 6-4) беше подобра од Американката Коко Гоф која се наоѓа на третата позиција на ВТА-листата. Мечот на главниот терен во Париз траеше час и половина и немаше неизвесност.

Швјонтек во финалето ќе игра со Италијанката Паолини или Русинката Андреева.