„Против Федерер и Ѓоковиќ е тешко да се игра, со Надал е полесно“

Фабио

Еден од најхаризматичните тенисери на денешницата е Италијанецот Фабио Фоњини. Неговиот карактер понекогаш му носи проблеми на терените, а со тоа и во постигнувањето големи резултати во кариерата.

Во последното интервју за холандскиот медиум „НРЦ“, 32-годишникот зборуваше за „големата тројка“ и кој од нив според него е најлесен противник.

„Кога Ѓоковиќ и Федерер се во најдобра форма, тешко е да се победат. Играат брзо и не ти оставаат простор. Со Надал е поразлично. Тој се обидува да ве уништи на физички план со многу размени на удари. Но, со него можете да се надигрувате, да трчате...“, изјави италијанскиот тенисер.

Фоњини нема ниту една победа против Федерер и Ѓоковиќ, но затоа има одиграно многу тешки мечеви со Шпанецот. Против Надал дури има и победа на УС Опен по негатива од 0-2 во сетови.