Проколнатите турнири на кои „големата тројка“ има најголеми проблеми

Надал Ѓоковиќ Федерер

Има тројца истакнати лидери на тенисот во денешно време - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Уште се чека на таленти кои ќе им пркосат на „ветераните“, кои не застануваат со владеење на најголемите турнири.

Дебатата кој е најдобар ќе остане вечна, а едно од мерилата е бројката на освоени титули. Кога се во прашање Грен слемите, таму на врвот е Швајцарецот, кој е последен на Мастерсите, каде шпанскиот тенисер има еден трофеј повеќе од Србинот.

Ако се погледнат успесите на сите тројца, може да се забележи дека секој од нив има едно место на кое има најмногу проблеми. 

Надал само еднаш се радувал на Австралија опен, што значи дека тоа е неговиот најголем предизвик во кариерата. Федерер се разбира има едно славје во Париз, на Ролан Гарос, а тоа го освои поради неиграњето на тенисерот од Мајорка во финалето. Ѓоковиќ, пак, исто така има една титула на францускиот Грен слем, а во истиот град се мачи и кога настапува на Мастерсот во Париз.

Шпанскиот шампион може да се пофали со златен медал на Олимписките игри, но со ниту едно славје во Мајами. Швајцарскиот ас уште чека на победа во Рим и Монте Карло, а Ѓоковиќ го „скрши мразот“ во Синсинати пред две години и стави крај на лошата серија на терените во САД:

Можеби најголемиот предизвик за сите нив останува можноста да се поседува два или повеќе Грен слем трофеи на сите четири големи турнири. Тоа се уште не го оствариле, а борбата за толку посакуваните трофеи ќе ја продолжат штом заврши пандемијата со коронавирусот.