ВИДЕО: Пресврт-победа на Фоњини, Чориќ остана без полуфинале во Монте Карло

Борна Чориќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Монте Карло, откако загуби од Фабио Фоњини со 2-1 (1-6, 6-3, 6-3).

Хрватот одлично започна и го доби првиот сет со 6-1, а имаше предност од 2-0 и во вториот сет, но тука и застана. Во продолжение доминираше Италијанецот, кој со идентични два освоени сета од по 6-3 славеше победа од 2-1 и обезбеди пласман меѓу најдобрите четворица.

  • Победничкиот поен на Фоњини против Чориќ:

Во утрешното полуфинале противник на Фоњини ќе биде Рафаел Надал, а во вториот дуел се среќаваат Медведев и Лајовиќ.