„Пред 30 години сите се чудеа како Барези успеа, верувам дека Ѓоковиќ може на Вимблдон“

Познатиот српски доктор Горан Родиќ тврди дека Новак Ѓоковиќ би можел да игра на Вимблдон. Тој во интервју за „РТС“ изјави дека најдобриот светски тенисер го очекува тринеделно заздравување.

„Направена е артроскопија. Припаѓа на мали, слаби хируршки методи. Во телото се влегува преку две дупки со камера и хируршки инструменти, а потоа лекарот гледа сè што е во коленото што не е во ред. Ни кажаа дека за сè што е во коленото, а има многу, оштетен е само внатрешниот менискус. Споредено со проблемите што може да ги донесе коленото, спаѓа во благи повреди. Затоа сметам дека може да настапи на Вимблдон“, изјави Родиќ.

Тој даде интересен пример за поранешниот репрезентативец на Италија, Франко Барези, од Миндијалот од 1994 година.

„Барези се повреди на почетокот на турнирот, но на крајот играше финале. Италија играше за светска титула и тој не само што одигра цел натпревар, туку и продолженија. Тоа беше топ-вест, бидејќи во тоа време никој не знаеше што е тоа. Пред точно триесет години. Играше по 23 дена од моментот кога беше опериран“, заврши докторот.

Ѓоковиќ пред два дена ја напушти клиниката во Париз и веќе го започна процесот на заздравување.