„Прашањето „како да се победи Ѓоковиќ“ е слично како она „како да одите на вода“...“

Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ продолжи со импресивната сезона, со пласманот во финалето на уште еден Грен слем турнир. Денес српскиот ас ќе се соочи со Матео Беретини во обид да стигне до 20 титули на големите турнири.

Интересна изјава даде Саша Бујин, човекот задолжен за дел од успесите на Серена Вилијамс и Наоми Осака. Според него, речиси невозможно е моментално некој ривал да се надева дека ќе го победи првиот светски рекет.

„Ох, Боже... Па, тоа е како да прашате „како се оди на вода“? Тоа е тешка работа...“, рече германскиот тренер.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет на овогодишното издание на Вимблдон, а потоа врза 18 сета во низа. На доминантен начин стигна до нов меч за трофејот кој го има освојувано во пет наврати во својата кариера.

Доколку успее да победи, Србинот ќе го продолжи сонот да ги комплетира сите Грен слем титули во една сезона. Досега беше најдобар во Мелбурн и Париз, а по Лондон, за него следува предизвикот во Њујорк.

Најнови вести од
Вимблдон