Познати сите учесници за „новиот“ Дејвис Куп, ждрепката на 14 февруари

Завршија квалификациите за новиот формат на Дејвис Куп натпреварувањето, а 12 репрезентации го обезбедија своето место на завршниот турнир во Мадрид, по успешно завршените квалификации.

Низ квалификации на финалниот турнир во шпанската престолнина место обезбедија Србија, Австралија, Белгија, Канада, Чиле, Колумбија, Германија, Јапонија, Казахстан, Холандија и Русија.

Директно место во Мадрид заради ланскиот пласман имаат в џеб Хрватска, која е и бранител на титулата, како и минатогодишниот финалист, Франција. Во Мадрид место има и за полуфиналистите од последното издание, САД и Шпанија, а специјална покана за учество добија селекциите на Аргентина и Велика Британија.

Групната фаза ќе се состои од шест групи со по три репрезентации, а ждрепката ќе биде извршена на 14 февруари. Завршниот турнир во Мадрид ќе се одржи во месец ноември.