Познати групите за завршниот ВТА турнир во Ријад: Сабаленка игра против Рибакина...

Ждрепката го одреди составот на групите за завршниот ВТА турнир во сезоната, кој од 2 до 8 ноември ќе се игра во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Во групата „виолетови“ ќе играат Белорусинката Арина Сабаленка, Италијанката Јасмин Паолини, Јелена Рибакина од Казахстан и Кинвен Женг од Кина.

Во „портокаловата“ група ќе играат бранителката на титулата, Полјаката Ига Швјонтек, Американките Коко Гоф и Џесика Пегула и Барбора Крејчикова од Чешка.

Двете првопласирани тенисери од секоја група ќе се пласира во полуфиналето. Наградниот фонд е 15,25 милиони долари.